| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе ја паметат по ведрината, насмевката и силата-Балканот завиен во црно ја испрати Дона Арес на вечното почивалиште

Веста за смртта на познатата босанска пејачка Азра Колаковиќ попозната како Дона Арес го потресе целиот Балкан.

Пејачката денеска беше погребана во Бихаќ, а неа кон вечното почивалиште ја испратија членовите на семејството, пријателите и бројните колеги од естрадата кои пееја нејзини песни.

Инаку пред погребот на пејачката се одржа и комеморација во нејзина чест на која се обратија голем број на незини блиски пријатели и колеги.

Пејачката почина завчера на 41 годишна возраст по долгата и тешка битка со ракот, а нејзината последна желба и беше таа да биде погребана во родниот град од каде и потекнува Бихаќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top