По сознанието дека карциномот повторно се вратил иако таа се бореше како лавица, пејачката Дона Арес се огласи и им упати порака на фановите.
– Драги мои, фала што ми пишувате, се јавувате, ме прашувате, не ме заборавивте. Точно е дека сум пред ново искушение, се борам како знам и умеам. Ги чекаме резултатите, се надевам на најдоброто или макар најблагото. Мојата храброст не ме напушти иако во тој момет почувствував слабост и негативност во телото. Драга ми е што можам да настапувам и да го најавам мојот настап, напиша Дона која поминува низ пекол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.