| четврток, 6 декември 2018 |

Дона Арес откри кои колеги ѝ го платиле лекувањето од рак! (видео)

Босанската пејачка Дона Арес неодамна ги израдува обожавателите дека по тешката борба, конечно го победила ракот. Пејачката открила кои колеги ѝ помогнале во неволјата и ѝ дале финансиска помош.

Screenshot_1

Финансиски многу ми помогнаа, а најмногу Халид Бешлиќ и Осман Хадџиќ, кои веднаш ми се јавија. Јас не можев да работам во тој период, а за мојот лек се собираше пари, раскажала  Дона неодамна на снимањето на една телевизиска емисија.

10906076_10204265839060366_8639170086501697846_n

-Првата терапија чинеше околу 2.500 евра, а потоа преку некои фармацевски куќи, добивав попуст и  плаќав по 1.500. И тоа е многу голема бројка кога не работиш, а морав да ги плаќам и инфузиите, храната.

sasa-matic-donna-ares-f_680_394_s_c1

Пејачката открива кои колеги се понудиле за помош.

Саша Матиќ ми обезбеди некои скапи лекови. Свој придонес дадоа и Маја Беровиќ и фудбалерот Един Џеко. Во морална смисла најмногу ме поддржа Карлеуша. Многу ми значеше кога водителката Драгана Катиќ во една емисија изјави дека ме сака и ми порача да се држам, а тогаш се распаѓав бидејќи бев во најлоша фаза. Ми помогнаа тие убави зборови и секоја убава мисла, не ми беа само парите од помош.

karleusa i dona ares

Во истата емисија Дона Арес одушеви со изведбата на хитот „Мерцедес-Бенц“ од Џенис Џоплин (04:13 од видеото) :

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top