| четврток, 6 декември 2018 |

Дона Арес имаше само една желба пред смртта: Ова е нејзината последна порака

Дона Арес почина на 40. години по тешка и долга битка со ракот, од која три пати излегуваше како победник, се до денес.

Таа пред смртта велеше дека знае колку болеста брзо напредува и не сака да крие, пред се за да им помогне и на други кои патат од истата болест.

Таа работеше на книга во која пишуваше за болеста и желба и беше да ја издаде, но не успеа во тоа.

Иако јуначки се бореше со ракот, давајќи сили на оние луѓе кои ја делат истата судбина како и неа, Дона Арес во себе преживуваше вистинска животна драма.

Откако по трет пат и се врати ракот, Дона храбро порачуваше  дека ќе го издржи и тоа, и дека никогаш нема да се предаде. Дури и покрај фактот дека непосредно пред смртта се раздели од својот сопруг Џавид Љубовиќ.

Дона сите ги изненадила кога на 24. август објави нивна заедничка фотографија која ја прецрта со црвен „икс“  со следнава порака:

– Готово е и не ми е жал. Каде нема доверба нема ништо!!! Никогаш! Збогум, засекогаш, напишала Дона

– Јас не треба тука на никого ништо да објаснувам и  не ме интересира твое мислење… Можеш слободно да одиш и никогаш да не се вратиш  на мојот профил, однеси ги со себе и тие кои се сложуваат, ова е еден од коментарите на Дона која го напишала на оние кои се чуделе поради објавата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top