Премиерот Зоран Заев најави дека првата жртва на проектот на СДСМ за рушење на споменици ќе биде споменикот на македонскиот деец и револуционер Андон Јанев – Ќосето кој се наоѓа пред комплесот на судови.
Наместо да презентира проекти кои неговата партија ќе ги гради во главниот град, Заев денеска рече дека доколку СДСМ и нивниот кандидат Петре Шилегов тие веднаш ќе почнат со ревидирање и дислокација на спомен обележјата кои се дел од проектот Скопје 2014.
–Доколку СДСМ го преземе владеењето со Град Скопје, додаде тој, централната власт ќе соработува со локалната за да се ревидираат сите договори склучени во рамки на контроверзниот урбанистички проект. – рече Заев.
Споменикот на Ќосето кој се наоѓа пред судот, ќе биде прва жртва, најави Заев.
– Комисијата за ревизија во Министерството ќе работи и со општината на расчистување на ова прашање, а целата документација ќе биде јавна. Првиот извештај е готов. Експлицитно и стручно укажува. Ќосето прво ќе го тргнеме од пред судот од каде што се дели правдата – изјави премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.