| четврток, 6 декември 2018 |

Температурите паѓаат за десет степени: Студен бран доаѓа во Македонија

Од петок попладне и навечер започнува промена на временската состојба кај нас и тоа поради циклонска активност и спуштање на значително студен воздух од север, така што од петок навечер во северните и во северозападните предели ќе има услови за локални врнежи од дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер од југозападен правец кој на некои места особено во Пелагонија ќе се засилува по интензитет, објави „Метеомакс“.

Позначителна промена на времето ќе има ноќта кон сабота кога ќе започне да дува засилен ветер од северен правец со што температурите на воздухот ќе опаднат дури и за повеќе од десетина степени и ќе има врнежи од дожд во најголем дел од државава и на повеќе места истите ќе бидат поинтензивни. Поради спуштањето на студениот воздух на повисоките планински предели (над 1.800 метри) врнежите од дожд ќе поминуваат во врнежи од снег со што ќе дојде до формирање на снежна покривка.

Разликата на температурите ќе биде голема па така во петок максимумот на истите ќе се искачат во интервалот од 21 до 27 степени додека веќе во сабота истите ќе се искачат само од 9 до 17 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top