Патувачката интерактивна изложба „Германија: земја на пронајдоци – истражувачка сложувалка“ до 18 октомври ќе биде претставена во галеријата на Кинотека на Република Македонија.
Изложбата ја прикажува Гете-институт во соработка со здруженијата „Фрауенхофер“ и „Макс-Планк“.
Во фокус на изложбата се историски откритија, како и напредни иновации од областа на информатиката, енергијата, комуникацијата, мобилноста, медицината, оптиката и материјалите.
Влезот на изложбата е слободен, а целна група се млади од 15 до 25 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.