-Зоран и Јелена Марјановиќ жестоко се скараа и навредуваа само два дена пред нејзината смрт. Залудно се обидував да ги смирам-рекол во исповед на српски Курир, добар другар на убиената пејачка, кој бил сведок на караницата, после која Јелена низ солзи ја предвидела својата смрт. Тој не можел повеќе да молчи и решил да раскажа како еден складен и убав брак се претворил во агонија.
Според неговите зборови до кулминација дошло кон крајот на март 2016 година.
-Излеговме една вечер, беа тука неколку пријатели. Тогаш сфатив колку нивниот однос се влошил, бидејќи цело време се препираа- раскажал пријателот на Јелена. После целата караница, навреди и Зорановите зборови, Јелена низ солзи рекла дека сега Зоран ќе ја убие, што по два дена и се случи.
Најблиските на Јелена изјавиле дека таа во куќата на маж и била третирана како роб.Чистела, перела, правела јадење за целото семејство, па воошто немала време за себе, а Зоран ги контролирал сите нејзини постапки и движења. Тие веруваат дека Јелена била и физички злоставувана, што го докажуваа и модриците кои можеа да се видат на една снимка од куќната слава на Марјановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.