| четврток, 6 декември 2018 |

И ФФМ потврди, Еуромилк е прволигаш

Комесарот за натпревари во Фудбалската федерација на Македонија, Васко Дојчиноски, кој и лично присуствуваше на прекинатиот бараж-натпревар во Штип меѓу Еуромилк и Дрита, го регистрира дуелот со службен резултат 3-0 за Еуромилк Горно Лисиче, со што овој клуб и официјално е прволигаш. Истовремено, клубот Дрита и неколкумина претставници се предадени на Дисциплинската комисија на ФФМ.

Еуромилк првпат во клупската историја ќе бидат прволигаши.

Дуелот што се играше во Штип, а одлучуваше за тоа која екипа ќе биде прволигаш, беше прекинат во 70. минута откако фудбалерите на Дрита се повлекоа од теренот незадоволни од судиските одлуки. Имаше и немили сцени и атак кон судијата Далибор Ѓорѓевски. Иницијална каписла за прекинот беше досудениот пенал за Еуромилк при резултат 3-2 за тимот од скопската населба Лисиче. Стартот на голманот Мустафа над напаѓачот Бујчевски беше оценет како прекршок за најстрога казна, по што почнаа инцидентите. Ѓорѓевски го исклучи чуварот на мрежата на Дрита, по што фудбалерите од Боговиње го напуштија теренот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top