| четврток, 6 декември 2018 |

ОН бараат истрага за полициското насилство во Каталонија

Обединетите нации повикаа на непристрасна истрага на вчерашното насилство во шпанскиот регион Каталонија, каде полицијата се обиде со сила да го спречи одржувањето на референдум за независност.

– Длабоко сум вознемирен од насилството во Каталонија во неделата. Имајќи предвид дека стотици лица се повредени, ги повикувам шпанските власти да обезбедат детална, независна и непристрасна истрага за сите акти на насилство. Полициската реакција мора во секое време да биде пропорционална, изјави високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Раад ал Хусеин.

Близу 900 лица беа повредени во судирите, а од нив двајца се во критична состојба.

Ал Хусеин рече дека сите отворени прашања треба да се решаваат низ политички дијалог, со почитување на човековите права. Тој воедно ја повика шпанската Влада да дозволи итна посета на Каталонија од страна на експерти за човекови права на Обединетите нации. Експерти на ОН побарале дозвола да ја посетат Каталонија уште минатата недела, но се уште не добиле одговор од властите во Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top