| четврток, 6 декември 2018 |

Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките

Утринава во 8 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово од Клиничката болница-Тетово било пријавено дека кај нив била донесена В.М.(49) од Тетово со повреди од остар предмет во пределот на градите, вратот, грбот и дланките. Поради сериозноста на повредите истата била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и била задржана на понатамошно лекување.

По кратко време во полициска станица дошло лицето Б.А.(49) и пријавило дека во семејната куќа со нож ја избодел В.М. со која заедно вонбрачно живееле. Лицето е задржано, известен е Јавен обвинител и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top