Како што можете и самите да видите наскоро Прилеп ќе ја добие првата фабрика за секундарна селекција на отпад во Македонија. Фабриката се гради во близина на депонијата кај Алинци, изјави Марјан Рситески кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Со оваа инвестиција одиме кон крајно решавање на проблемот со отпадот, кој засега не успеале да го решат и многу понапредни држави од нас. Претходно, во 2013 година, беше набавена и линијата за секундарна селекција на отпадот. Вкупната инвестици во делот на градба и машинскиот дел само за оваа фабрика ќе изнесува околу 60 милиони денари, средства обезбедени од ЈКП „Комуналец“ и Општина Прилеп. Во првата фаза во оваа фабрика се планира да се вработат 100 лица со можност за проширување на комплексот до 200 вработувања. Од овој месец ќе започнеме со реализација на проектот – Компостара, вреден 10 милиони денари. Компостарата ќе се гради со неповратни средтва од Европските фондови од Програмата за меѓугранична соработка. Реализацијата на овој проект треба да финишира во октомври 2019 година, а во компостарата ќе се преработува органскиот отпад и ќе се произведува компост, вели Ристески.
Тој додава дека ќе инвестираат и во дробилка за градежен шут, која преработка би се користела за тампонирање на локални и колски патишта. И за оваа инвестиција како и за компостарата ќе аплицираат до пристапните фондови.
-Со овие инвестиции Прилеп ќе го добие најмодерниот Центар за управување со отпад во Македонија, чии вкупни инвестиции треба да чинат околу 5 милиони евра. Со сето ова ќе се добие нулта отпад, односно Прилеп нема повеќе да има ѓубре. Се планира со линијата за секундарна селекција, компостарата, дробилката и другите вакви инвестиции целата депонија да биде преработена и да се изврши нејзино рекултивирање за 5 до 6 години. Ова самото по себе ќе значи дека за 5-6 години Прилеп нема да има повеќе депонија. Од 2008 година Прилеп започна со проектот примарна селекција на отпад и до крајот на 2018 година се планира истиот и да заврши. Со овој проект досега кај домаќинствата се поделени околу 20.000 нови корпи за селекција на отпадот, инвестиција од над 23 милиони денари, средства од ЈКП „Комуналец“ и Општина Прилеп. Исто до 2018 вкупната бројка на поставени контејнерии за селекција ќе достигне 1.300, потенцираше Ристески.
Тој истакна дека наредната недела ќе се започне со поделување на нови 1.000 корпи за селекција на отпад во населбата Тризла 2.
-Во 2018 година Прилеп ќе биде единствениот град на Балканот кој 100 проценти ќе ја има завршено примарната селекција на отпад. Исто така започнуваме и со еден друг проект во делот на правилното третирање и управување со отпадот , или со поставување на подземни контејнери. И со овој проект сме помеѓу првите градови во Македонија. Вакви контејнери веќе беа поставени во градскиот пазар, Подземни контејнери ќе поставиме и во централното градско подрачје во близина на Градската саат , во близина на двете катни гаражи, позади Бизнис центарот, во близина на ЦК „Марко Цепенков“, кај ООУ „Кочо Рацин“, позади новата општинска зграда, наспроти зграда „Македонија“ кај паркингот и на други централни локации. Со поставувањето на овие контејнери под површината на земјата се решава проблемот со екологијата, а ќе се подобри и визуелниот изглед. Градот ќе добие современ и европски лик и ќе се запазат сите стандарди за за заштита на животната средина. Затоа гласајте за број 13 ! Гласајте за тоа Прилеп да биде најеколошккиот и најчистиот град во Македонија, како и досега, рече Ристески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.