| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ветува дебати додека ја киднапираа државата!

Зоран Заев и СДС ја киднапираа државата, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Колку дебатата на Заев му е значајна покажува тоа што без дебата, и без да ги слушне граѓаните го укина зголемувањето на пензиите, ќе ги зголеми даноците, ќе се поскапи струјата преку либерализација на пазарот на струјата, енормно се задолжи и ги стопи девизните резерви. Ги укина дисперзираните студии, го скратија оброкот на студентите низ студентските домови, потпишаа штетен и антидржавен договор со Бугарија, ја злоупотребуваат полицијата за политички хајки врз неистомисленици, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top