Додека во јавноста глумел тажен вдовец, истрагата покажала дека Зоран и пред и после смртта на Јелена имал паралелни врски со други жени и тоа дури четири.
-Полицијата до овие сознанија дошла после повеќемесечно следење на сопругот на убиената пејачка. Инспекторите дознале дека Марјановиќ ја изневерувал сопругата и за време на бракот, но и веднаш по погребот на Јелена се впуштил во авантура со други девојки-рекол извор од истрагата.
Во медиумите неодамна се појави извесна Зорица Зока Митровиќ, за која се претпоставува дека се гледала со Зоран додека тој уште бил во брак со пејачката. Меѓутоа тука тоа не запрело.
-Откако стана познат на јавнсота, на Зоран почнале да му пишуваат разни девојки. Марјановиќ ја искористил популарноста која ја добил благодарение на мртвата сопруга и започнал емотивни врски со уште три девојки-рекол соговорникот.
Како што се дознава, полицијата ги сослушува сите четири љубовници во намера да дојде до нови докази во случајот.
-Некои од нив се веќе приведени на разговор во полиција, после што се пуштени. Полицијата ги прелистува сите преписки кои сопругот на убиената пејачка ги разменувал со овие девојки, а кои би можеле да укажат на некои нови траги. Постои можност да актуелната девојка Зорица која живее со нив во семејната куќаво Борча, биде приведена и да и биде одредено задржување, доколку има индиции дека го прикрива злосторството-додал изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.