| четврток, 6 декември 2018 |

Доведете ја оваа жена во затвор и ќе го скршите-психолог открива кој е клучот на Зорановата личност

Радомир Чолаковиќ,психолог и вонреден професор на Филозофскиот факултет, тврди дека Зоран Марјановиќ, осомничениот за убиството на неговата сопруга Јелена Марјановиќ, во затворот единствено може да го скрши средбата со мајка му Зорица.

Тое е еден од причините поради која таа наводно не го посетува во затворот. Веројатно не би можел, тврди психологот, со неа да зборува шифрирано, како што тоа го прави со братот и таткото.

-Мајката во семејството Марјановиќ е главен манипулатор. Таа поради тоа и се занимава со лечење на луѓето, бидејќи најлесно е да манипулираш со лица кои имаат голема мака. Мајка му на Зоран имала голема улога во семејствто, бидејќи многу заработувала, што и давало уште поголема слобода и моќ во семејната хиерархија-објаснува психологот Чолаковиќ.

Според него, мајката на сомничениот затоа не иде да го види синот, бидејќи тој би потклекнал, што не би било добро за никого од Марјановиќ. Тоа значи дека под големо влијание на емоции, поинаку би размислувал и разговарал. Чолаковиќ тврди дека секој член на семејството има сознанија што се случило со Јелена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top