| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба „Генерации на Димо“ во Мала станица

Во Мултимедијалниот центар – „Мала станица“ утре, во 19 часот, ќе биде отворена изложба насловена како ,,Генерации низ Димо“, на која ќе бидат презентирани творби од 15-тина талентирни млади луѓе кои својот талент го покажале во училишните денови поминати во основното училиште „Димо Хаџи Димов“. Ова е единствениот начин со кој може да се презентира и негува ликовниот талент кај учениците. Воедно се потврдува дека желбата и талентот за ликовно изразување нема граници. Соработката може да се одржува и покрај изминатите години. На изложбата ќе се презентираат талентираните ученици од „Димо Хаџи Димов“ во соработка и менторство на ликовниот педагог Соња Поповска-Трајковска. Успевајќи да го препознае талентот кај учениците во четирите години дружење и успешно да одржи континуитет во нивното ликовно изразување, со оваа изложба само ја потврдува нивната вистина. Оваа изложба не е тематска бидејќи секој од учесниците е премногу индивидуалист и со различна имагинација. Делата можете да ги доживеете колористички, графички и колажно и така да уживате во нивната различност, а сепак кажани со ист јазик УМЕТНОСТА.

– Петнаестте учесници се од различни генерации почнувајќи од 2003, мојата прва генерација до денес. Оваа година носители на самостојна изложба се Дана Ќосева и Марта Крстеска и нивните гости учесници. Од нив веќе имам колешка дипломиран скулптор на ФЛУ, која токму на 14.06.2012 се здоби со диплома, Марија Бошкова и преостанатите кои се исто низ водите на други ликовни области како архитектурата- Матеј, филмската уметност –Бранко, вели менторот Поповска –Трајковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top