Во последните три месеци три големи афери ја потресоа Македонија. Откако СДСМ дојде на власт и Заев стана премиер, граѓаните не слушнаа за реализација на проекти и работа, но затоа секојдневно се сведоци на скандали, злоупотреби и криминални афери.
Јавноста дозна за измамата за Санос, криминалните тендери на вицепремиерот Анѓушев и како Заеви дополнително се богатат. Сите овие се големи криминални афери за кои медиумите пишуваат, фактите потвдруваат, а власта игнорира мислејќи дека јавноста поради молчењето од нивна страна ќе заборави.
Промовираа дека „САНОС“ произвел автобуси, а фирмата има тројца вработени
Големата најава на премиерот за враќање на една од најголемите фабрики која работеше порано во Македонија „ФАС 11 Октомври“, ребрендирана во името „САНОС“, ќе му даде полни раце работа на Јавното обвинителство, бидејќи постојат сериозни индиции за голем криминал и директно удирање по државната каса и џебот на граѓаните.
Веќе некое време сите се прашуваат како е можно да се направат 70 автобуси од само тројца вработени, еден службеник и две жени. Експерти и од областа на производството и од областа на економијата се согласни дека во овој случај се работи за голема измама.
Позади оваа измама стои бизнис игра на моќници од власта кои сакаат да избегнат плаќање данок, е ставот на економските експерти. Познавачите на приликите сметаат дека овде има сериозен сонмеж за финансиска малверзација. Имено постои можност дека се работи за разработена мрежа каде компанијата набавува половен автобус и врши репарирање и потоа низ царината ги извезува како нов производ по што прави од државата фиктивен поврат на ДДВ со што се оштетува народниот буџет.
Дека има сериозно индиции за измама преку која има за цел на криминален начин да дојде до пари од државната каса, пари на граѓаните на цела Македонија, е и фактот дека во разговор со поранешен вработен во фабриката „ФАС 11 Октомври“ дознавме дека најголемиот дел од опремата за производство е продадена и таму нема никаква шанса да се направи нов автобус.
Царина потврди: „Санос“ нема направено извоз на автобуси, Заев и Владата направиле измама со промоција на нови автобуси
Од Царина добивме потврда дека фирмата „Санос“ нема направено извоз на автобуси, со што се потврдуваат сомнежите дека се работи за филмска измама од страна на премиерот Заев. Премиерот Заев очигледно ја потцени интелигенцијата на граѓаните и се обиде со евтина измама собере политички поени. Заев пред два месеци беше во посета на фабриката, каде изрази задоволство што еден домашен македонски производ излегува на странскиот пазар, очигледно лага, информација која беше демантирана од Царината.
Тендер вреден 2.6 милиони денари во рацете на Анѓушев
Од функцијата вицепремиер во Владата на Зоран Заев, Кочо Анѓушев, наместо за граѓаните си работи самиот за себе. Си дозволи низа придобивки и огромна заработка, на незаконски начин. За ова во целиот процес има силна поддршка од премиерот.
Само 10 дена откако е назначен новиот генерален директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, на својот претпоставен во Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев, му доделил тендер на фирмата „Фероинвест“, која ја основа токму Анѓушев и од која само козметички се повлече од местото управител. Вредноста на доделениот тендер изнесува 165 милиони денари со ДДВ или 2.6 милиони евра, ова значи дека вицепремиерот Анѓушев со криминалниот тендер на ЕЛЕМ ќе има над 30 милиони евра лично богатство, а и Заеви може да се омрсат од државните тендери.
На овој начин мултимилионерот Анѓушев за само еден ден заработи 2.6 милиони евра, а предноста пред сите останати ја доби благодарение на тоа што е вицепремиер во владата на Заев. Поради функцијата која ја обавува, тој може да влијае врз работата на државните институции.
Бонбона зделка за Заеви: По цена на една гарсониера ја земаа цела фабрика „Герас Цунев“
Вице Заев, брат на Зоран Заев влегува со бизниси во Скопје, а кланот Заеви го укрупнува капиталот. Уште пред неколку месеци медиумите пишуваа дека фирма блиска до Зоран Заев, СИМ Инжинеринг ДОО Струмица, која според информации на Инфомакс е во сопственост на таткото и синот Симеон и Горан Крстеви од Струмица, кои учествуваа во градбата на „Глобал“ во Струмица ќе градат зграда во скопски Аеродром.
Од „Герас Цунев конфекција“ а.д. Струмица преку Македонската берза информираат дека Трајче Заев преку трговска трансакција се стекнал со 4.861 акција од издавачот „Герас Цунев конфекција“, со што сега поседува вкупно 15.126 акции или 22,25% од основната главнина на друштвото, пишува порталот Нетпрес.
Со ова се отвора оправдан отвори сомнеж дека семејството Заеви користејќи ја, односно злоупотребувајќи ја политичката закрила и моќ, започнуваат со купување капитал во конкурентните македонски компании. Се разбира, со цел да го окрупнат своето богатство. Имено со 20.000 евра не може да се купи ниедна најобична гарсониера од 25 квадратни метри, а не, пак, имот со деловни објекти, индустриски погони со површина од 1.849м2 на атрактивни локации во општина Струмица.
Со ова се отвара сериозен сомнеж дека купопродажбата е вклучена со уцена или некој друг вид на притисок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.