| четврток, 6 декември 2018 |

Се затвораат 5 фабрики: 4000 луѓе ќе останат без работа

До крајот на оваа година 4000 македонски граѓани ќе останат без работа и егзистенција. Вкупно 5 фабрики, две домашни и три странски инвестиции ставаат клуч на вратата и ќе ги отпуштат своите вработени.

Фабрики веќе најавија затворање поради игнорансткиот однос на новата влада на Зоран Заев, а процесот за ваквите нивни одлуки го забрзаа лошите макроекономски резултати, зголемените трошоци за работа и производство.

Штетните политики кои ги води владата на СДСМ, ДУИ и Алијанса ги бркаат инвеститорите кои веќе вложија во Македонија, но ги тераат и големите компании кои планираа да го вложат својот капитал во нашата земја да ја променат одлуката и да инвестираат во друга земја.

До неодамна, Македонија беше најпосакувана дестинација за инвестирање. Поволната инвестициска клима и соработката со претставници на поранешната македонска влада беа клучни фактори за голем број на компании од секаде во светот да инвестираат кај нас. Тоа резултираше со отворање на илјадници работни места.

Сега фактичката состојба е сосема спротивна на оваа. Владата на Зоран Заев наместо да привлекува, брка инвеститори. Со тоа станува директен виновник што огромен број на граѓани ќе останат без работа.

Поради игнорантскиот однос и незаинтересираноста на актуелната Влада предводена од Зоран Заев, неколку илјади граѓани ќе останат без работа.

СДСМ со објавувањето на договорите отвора војна против 100 странски компании, неизвесни над 20 илјади вработувања

Владата на СДСМ додека брка странски инвеститори, почна да објавува и дел од нивните договори.

Имено, државата ги ослободила од плаќање на даноци и придонесе во извесен законски рок, и всушност нема никаква оштета на Буџетот, односно тоа се пари на кои државата не би можела да смета бидејќи доколку не се овозможи тоа инвестицијата не би се случила. Објавувањето ќе предизвика Србија, Бугарија, Грција, кои исто така се конкуренти за привлекување на инвестиции да понудат подобри услови и да ги привлечат инвестициите.

Повеќе компании се жалат на некоректниот однос на Владата и загрозување на нивното работење. Дополнително, не се во прашање сега инвестициите кои биле во фаза на разговори и убедувања, а кои според проценките се шеесетина со над 25 илјади вработувања, туку се доведува во прашање егзистенцијата на над 100 странски компании кои веќе инвестирале во Македонија и кои вработуваат над 20 илјади работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top