Новата влада на чело со Зоран Заев и вице-премиерот Кочо Анѓушев го поништија тендерот за гасификација и го стопираа овој проект. Гасификацијата во Македонија беше сериозен проект за кој се зафати владата на ВМРО-ДМПНЕ предводена од премиерот Никола Груевски, со цел да се обезбеди енергетска стабилност во земјата и македонското стопанство да се направи поконкурентно на глобалните пазари поради евтината цена на гасот. Не случајно, Европската унија, подржувајќи ги напорите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, донесе одлука да се вклучи во финансирањето на изградбата на овој капитален проект за гасификација на Република Македонија со грант, а не заем, и со учество од 35% од вредноста на вкупниот проект, плус кредити од Светска банка. Американските енергетски компании беа сериозно заинтересирани и понудија дури фиксен договор во траење од 25 години за перманентно енергетско снабдување на Македонија со конкурентни цени.
Како што изјави Груевски на настанот по повод завршувањето со изградбата на магистралниот гасовод делница- Клечовце- Блок станица 5, во непосредна близина на Штип, таа траса требаше да биде продолжена до Кавадарци, а потоа до Прилеп и до Битола. Тој додаде дека уште еден гасовод се гради од Скопје кон Тетово и Гостивар. Груевски истакна дека градбата на гасоводот чини 75 милиони долари од кои 15 ги обезбедува буџетот на Република Македонија додека другите се обезбедени со пребивање на клириншки долг од Русија.
Република Македонија иако произведува дел од количините на струја, што ги троши, сепак е енергетско зависна земја и речиси секоја година, особено зиме, се соочува со недостиг на електрична енергија. Честопати ова е резултат и на хавариите, што се случуваат во термоцентралите заради засиленото производство поради потребите, но и на застарената технологија во нив. Заради таа причина Македонија е принудена да увезува струја, што е релативно скапа.
Според енергетичарите, обновливите извори се уште една алтернатива, но Македонија уште многу време ќе го користи главно јагленот како основен ресурс за производство на струја. Долгорочно, единствен начин да се обезбеди енергетска стабилност е да се гасифицира целата територија на Македонија. Исто така, со ова се очекува гасот да се користи како примарна алтернатива за загревање и на голем дел од населението наместо струјата. Истото ќе се случи и со оние домаќинства потрошувачи, кои користат фосилни горива за загревање, што во крајна линија влијае на квалитетот на воздухот особено во зимскиот период. Со гасификацијата на Република Македонија се очекува драстично да се намали загадувањето, особено во Скопје и другите градови, кои се соочуваат со енормно загадување од користењето на фосилните горива како примарен енергенс за загревање на домовите. Со други зборови, гасифицирањето на Македонија ќе значи преориентирање на потрошувачите, кои користеле струја на гас, што е многу поевтина и поеколошка варијанта, како и замена на дрвото како примарен енергенс за затоплување. Имајќи ги во предвид горе наведените бенефити, се поставуваат прашањата зошто Владата на СДСМ го прекина овој капитален проект и планира да носи ТНГ со камиони преку Бугарија и дали зад ова се крие нов „бонбона бизнис“ на криминалецот Зоран Заев и неговите приврзаници!?
Во истиот периодот кога СДСМ го потпишуваше Договорот за добрососедски односи со Бугарија, потпишан е и договорот за соработка во енергетската област, во кој спаѓа и гасификацијата. Со новиот договор премолчено се направи трансфер на стратешката определба на претходната влада за користење на конкурентен гас од САД и Блискиот Исток кон 100% зависност од Русија и Гаспром. Дополнителното инсталирање на нова мрежа кон Бугарија прави неоправдано удвојување на капацитетите. Со овој проект, граѓаните ќе плаќаат за 80 отсто повисоки сметки за гас. Причината за ваквиот потфат на СДСМ е елиминирање на потенцијалната конкуренција, што може да ги загрози фирмите на Кочо Анѓушев. Актуелната влада даде предлог за гасификација на Република Македонија по примерот на градот Струмица. Овој предлог вклучува увезување на гас во цистерни од Бугарија, што е значително поскап, а со тоа и неисплатлив. Секако, можеби нема да биде исплатлив за граѓаните, но ќе биде исплатлив за тој кој го спроведува овој проект. Имено, примерот на Струмица е воспоставување на виртуелен гасовод (или гасовод на тркала), потоа поставување на компресорска станица – мајка за компримирање на природниот гас во метални боци под притисок од 250 бари. Понатаму, негов камионски транспорт до градот, односно до станицата за декомпресија- ќерка и потоа дистрибуирање до крајниот корисник.
Неодамна, одговарајќи на прашањето зошто е прекинат тендерот за гасификација, вице-премиерот Анѓушев одговори дека како одговорен за економијата ќе предложел тендерот да се преработи и да се преобјави, но не прецизираше кога тоа ќе биде сторено.
Инаку, има уште неколку начини преку кои може да се спроведе гасификација. Владата на ВМРО-ДМПНЕ ја предложи варијантата за градење магистрални гасоводи и меѓународни гасни интерконекции за кои и беа дефинирани трасите од 500 километри нови магистрални гасоводи. За да функционира овој проект потребно е и градење на дистрибутивни градски мрежи за кои беа објавени огласи за концесионери, но како што знаеме овој проект го прекина актуелната влада на СДСМ.
Она што ја интересира јавноста е зошто Зоран Заев и Кочо Анѓушев го одложија проектот за гасификација што би значел целосна енергетска независност на Република Македонија? Дали заради интересот да го направат по нивен терк, што значи поскап гас кој ќе го контролира фамилијата Заеви и Вицето? Крајниот цех, сепак, ќе го плаќаат граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Струјата повторно ќе поскапи, а гасификацијата е заглавена
-
Илиовски: Не може и не смее да се игнорираат 37 милиони евра за гасификација и 47 милиони евра за топлификација
-
Груевски: Процесот на гасификација тече одлично, постигнат е сериозен напредок во овој проект
-
Мицкоски: Гасот во домаќинствата ќе стигне во 2018 година