| четврток, 6 декември 2018 |

Струјата повторно ќе поскапи, а гасификацијата е заглавена

Во енергетиката нема напредок. Наместо енергетска стабилност се раѓа нова енергетска зависност, смета Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ.

Тој попладнево, во своето прво новогодишно обраќање до македонските граѓани говореше за следните чекори на ВМРО ДПМНЕ, но се освртна и на она што не очекува во следниот период, посебно на економски план.

„Следи ново поскапување на струјата, а вистинската гасификација е заглавена. Се воведе евтина тарифа, која сега пак најавија дека ќе ја укинат. Поскапува дизелот како резултат на зголемување на акцизите за нафта, а данокот на добивка и персоналниот данок е извесно дека ќе го зголемат. Граѓаните единствено се обединети во својата мака, затоашто беспарицата е заеднички проблем за многу смејства“ рече Мицкоски во своето новогодишно обраќање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top