Има интерес од повеќе фирми и очекувам годинава да биде избран еден концесионер кој во наредните две години ќе ја изгради секундарната гасоводна мрежа, напомена денеска Груевски.
Процесот на гасификација тече со одлична динамика, онака како што предвидовме. Откако се заврши една гасоводна линија меѓу Кумановско и Штип, сега, во моментов, се градат три гасоводи во Македонија: меѓу Штип и Неготино, Неготино – Кавадарци – Прилеп- Битола, како и меѓу Скопје- Тетово – Гостивар, сите во вредност од над 80 милиони евра, а во должина од околу 200 километри. Тоа е огромна инвестиција која ќе биде од голема полза за граѓаните и компаниите.
Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по вечерашната промоција на 14 нови врвни дела од проектот „Превод на стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Ангалија, а од областа на правото во Франција и Германија“.
Работите, нагласи Груевски, се одвиват во полн ек, напредокот е сериозен, во зрела, длабока фаза на градба, на инсталирање на гасоводите.
На среднорочен план, како што најави, е предвидено продолжување на овие краци.
Објавен е и тендерот за секундарна гасификација, односно за барање концесионер кој ќе ја направи секундарната гасификација. Има интерес од повеќе фирми и се очекува концесионерот да биде избран годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии