Првите количини гас ќе стигнат во домовите крајот на 2018-та година. Македонија целосно ќе биде гасифицирана до 2020-та година, изјави генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски за РСМ.
– На прватата фаза – примарната гасификациона мрежа интензивно се работи, a речиси 70 проценти од работите се завршени и затоа Владата распиша повик за втората фаза од проектот – секундарна и терцијална гасификација. Огласот е во тек, заинтересираните компании имаат рок од 120 дена да достават документација и заинтересираност за овој крупен проект, потоа ќе се премине кон втората фаза, која очекуваме ралитивно брзо да се заврши, и на крај третата фаза, а тоа е доставување писмо за интерес од заинтересираните компании, од кои потоа ќе се избере инвеститор, изјави Мицкоски.
Според него, енергетскиот сектор во земјата е повеќе од стабилен и се инвестира како никогаш до сега.
– Еден од крупните проекти е изградбата на рудник помеѓу Делчево и Пехчево, каде е пронајдено висока колчина квалитетен јаглен. Таму ќе се изгради термоцентрала за производство на електричнна енергија, која би била со капацитет на 200 мегавати. Станува збор за сериозна инвестиција, каде би имало најмалу 1,000 директни вработувања и уште толку индиректни. Тоа за тој регион значи многу, додаде Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)