| четврток, 6 декември 2018 |

Ријана почeстилa келнер 200 долари!

Пејачката побарала од келнерот во еден клуб во Лос Анџелес, да и каже која била висината на напојницата што најмногу ја добил од гостите. Тој кажал дека добил 100 долари, а таа му дала двојно повеќе

rihanna1Ријана (24) и нејзините пријатели нарачале пијалоци во вредност од 80 долари. Во клубот во Лос Анџелес гледале стенд- ап комедија.

– Таа ја плати сметката и ме праша која е највисоката напојница што сум ја добил. Реков 100 долари, а таа ми даде 200 – рекол радосниот келнер.

Затоа, додал тој за американските медиуми, во иднина ќе и биде најголемиот обожавател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top