Поп-пејачката Ријана се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата за да разговара за своите хуманитарни активности во здравството и во образованието.
Пејачката од Барбадос во 2012 година основа непрофитна организација, која промовира проекти за стипендии во светот.
– Разговаравме за образованието и ќе имаме убава вест, која ќе ја соопштиме во септември – изјави Ријана по состанокот.
Макрон претходно се сретна и со ирската група „Ју ту“ и со филантропот Боно Вокс со кого разговараа за намалување на сиромаштијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.