Во вторникот вечерта, полицијата доби повик дека куќата на пејачката Ријана е ограбена. Полицајците веднаш дошле на местото на настанот и почнале да истражуваат.
Во Холивуд Хил, во крајот каде што се наоѓа нејзината куќа во Лос Анџелес настанал општ хаос. Полициските автомобили го опколиле целиот регион, за да можат веднаш да ги пронајдат сторителите на ова кривично дело.
Три лица се осомничени дека влегле во куќата, а звучниот аларм и светилките што почнале да се гасат и палат дале знак за тревога.
Полицијата соопшти дека тројцата осомничени пристигнале во автомобилот кој постојано бил запален. Сè уште не е познато што сè однеле – пишуваат странски медиуми.
Тимот на Ријана не сакаше да го коментира настанот, но за среќа пејачката не беше дома за време на грабежот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По 8 години проговоре за нападот: Ме удираше и врескаше, па почна да плука крв по мене
-
Ријана се сретна со францускиот претседател Макрон
-
Перверзна, дива и мокра-испливаа фотографии на кои познатата пејачка ужива во пороци
-
Другарка и и го украде момчето, а манекенката сега најде ново, кое не знае што да прави со парите