Во 2009 година, пејачките ѕвезди Ријана и Крис Браун се најдоа во центарот на вниманието на светската јавност откако Браун брутално ја претепа својата тогашна девојка. Фотографиите на кои можеше да се види изобличеното лице на Ријана цело со расекотини многу брзо почнаа да се шират по светските медиуми, а на пејачот извинувањето многу малку му помогна и наиде на оправдана осуда од целата јавност.
Осум години по физичкиот напад, американскиот пејач решил да проговори за инцидентот, од свој агол, во својот документарец насловен „Добредојдовте во мојот живот“. Тој ја раскажал неговата верзија за ноќта и настаните кои му претходеле на нападот.
Како што вели, на забавата ноќта пред Греми наградите се појавила жена со која што тој бил во врска во минатото, а нејзиното присутство многу ја вознемирило Ријана. Во автомобилот додека се враќале од забавата избила голема расправија, која во малото Ламоргини прераснала во тепачка.
– Колку што се сеќавам, таа го држеше телефонот во раце и ме удираше со него. Ми врискаше дека ме мрази и не престануваше да ме удира, по што јас и вратив со тупаница. Тогаш почна да плука крв по мене. Кога го видов тоа, веднаш се покајав што ја удрив, вели Браун.
За физичкиот напад Крис Браун беше осуден на пет години затвор и една години задолжително советување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.