| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот на Лондон е за втор референдум за „Брегзит“

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, рече дека сака да се преземе ангажман за второто гласање, за да се утврди дали Британија треба да ја напушти Европската унија, пишува Ивнинг Стандард.

Во интервјуто за изданието, Кан рече дека е можно „во следниот проглас на Лабуристичката партија да биде поставена идеја дека граѓаните повторно ќе изберат дали да заминат или да останат во ЕУ“.

Според него, договорот меѓу Лондон и Брисел нема да биде доволно добар за да биде прифатен од граѓаните без второ гласање.

Градоначалникот е член на Лабуристичката партија и учествува на конгресот, кој се одржува од 24 до 27 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top