Охридскиот градоначалник очекува дека хотелско-туристичкиот комплекс во Љубаништа на индискиот милијардер Субрата Рој ќе се гради, но не е сигурен дека комплексот би се изградил за време на неговиот прв мандат како градоначалник, пренесува „А1он“.
– Очекувам да се реализира овој проект. До крајот на вашиот мандат? Мислам дека тоа е невозможно бидејки се разботи за огромен комплекс којшто вклучува многу објекти, многу градежни активност. Во склоп на тој објект треба да има околу 50 објекти за апартманско сместување, десетина хотели, спа-центри и луксуни вили. Ќе треба да се прават и водни пристапи за пловни објекти, така што е невоможно за четири години да се изгради еден таков голем комплекс, кој, ако се изгради, ќе биде најубавиот во Еврпопа – рече Бакрачески.
Бакрачески вели дека два месеци не се сретнал со претставниците на Сахаријан Македонија.
– Последен наш контакт како локална самоуправа со групацијата „Сахара Индија“ беше во Министерството за транспорт и врски пред два месеца. Владата на Македонија формираше тимови за имплементација на овој проект, и во овој момент се работи на утврдување на легислатива во врска со работите кои треба да се изведуваат. Во овој момент тој проект е во надлежност на Владата на Македонија и сѐ додека не бидеме консултирани за понатамошните активности, јас не можам да дадам информации што се случува со овој туристички комлекс – рече Бакрачески.
Проектот „Сахараја Македонија“ на индискиот милијардер Субрата Рој на Охридско Езеро ќе отвори илјадници работни места, ќе ја продолжи туристичката сезона преку целата година, ќе има десетици илјади туристи, ќе има промет за дуќаните, за сите сервисни и други услуги, ќе придонесе за БДП, како и девизен прилив за локалното население, ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во ноември минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.