| четврток, 6 декември 2018 |

Предавање на Јацек Пурхла за културното наследство и неговиот развој – Полско искуство во МСУ

Денеска (26-ти септември), во Музејот на современа уметност во Скопје со почеток од 20.00 часот, ќе се одржи предавање на проф. д-р. Јацек Пурхла (Jacek Purchla) насловено „Културното наследство и неговиот развој – Полско искуство“.

Централна Европа е исклучителен дел од Континентот каде политичките граници се менуваат почесто од културните. Искуството на Централна Европа зборува не само за вкрстување на културите, туку и за вкрстување на идеологиите.
Дали сето ова значи дека се случила промена и во начинот на размислување во однос на културното наследство и неговата заштита во Полска? Сепак, Полска и Централна Европа имаат единствено искуство кое доаѓа не само од начинот на стекнување на независноста и модерноста за време на 19-тиот век, трагедијата на Централна Европа во 20тиот век и лекцијата од комунизмот, но исто така и од наглата промена што се случила по 1989 год, брзината и комплексноста на она што сега вообичаено го нарекуваат популарно „трансформација“. Трансформацијата е комплексен процес. „Појавувајќи се од вистински социјализам“ и градењето структури на суверена, демократска држава се промени кои иницираат процеси кои влијаат на општеството. Брзината, длабочината и многудимензионалноста на полската трансформација се испреплетени со процесите на глобализацијата и Европската интеграција.
Кој е типот на врската меѓу културното наследство и полската трансформација? Во последниве години има спротиставени тенденции на размислувања кои се судираат во однос на овој проблем. Од една страна, „областа“ на културното наследство се прошири значително и можноста за неговата заштита, исто така е зголемена драстично. Од друга страна, маргинализацијата и инструментализацијата на културното наследство, а особено кризата во системот на неговата заштита се сè повеќе согледливи. Со трансформацијата во Полска, културното наследство се соочи со нови предизвици и закани. Овие пак, се особено воочливи во центрите на погoлемите градови во Полска. Брзите промени во културните пејcaжи и нивното влошување е често резултат на победата на пазарните механизми во комбинација со слабоста на „меката држава“. Напредокот од пасивен, статичен начин на размислување за културното наследство како „sacrum“ до неговата заштита во услови на приватизацијата и комерцијализацијата на јавниот простор изнудува длабоки промени во начинот на кој потенцијалот на културното наследство е раководено.

Проф. д-р. Јацек Пурхла (1954, Краков), директор на Меѓународниот културен центар во Краков, Полска, дипломирал Економски студии и Историја на уметноста. Професор е по општествени науки (Professor Ordinarius) и е член на Полската Академија за науки и уметности. Тој е шеф на Одделот за економска и социјална историја и е Претседател при Унеско за културно наследство и урбани студии при Економскиот универзитет во Краков, како и Директор на Центарот за евопско културно наследство при Институтот за Европски студии на Универзитетот Јагиелониан (Jagiellonian) во Краков. Има специализација во областа на урбан развој, социјална историја и историја на уметноста на 19-тиот и 20-тиот век, како и теоријата за заштита на културно наследство. Автор е на повеќе од 400 академски трудови, вклучувајќи и неколку книги. Помеѓу 1990 и 1991 година бил заменик градоначелник на Градот Краков. Тој е основач на меѓународниот културен центар во Краков и е негов Директор од неговите почетоци во 1991 год.
Тој е член на бројни организации и здруженија вклучувајќи ги и Europa Nostra Council во Хаг, на Comité International d’Histoire de l’Art (CIHA), Советодавниот одбор на Anna Lindh Евро-медитеранската фондација за дијалог меѓу културите и на Комитетот за Уметнички студии при Полската Академија на науки. Дополнително, тој е советник на при Европската Комисија за European Commission on the European Heritage Label project. Тој бил Претседател на Советот за заштита на споменици во Министерството за култура и национално културно наследство (2000-2016). Од 2015 год. тој е Претседател на Полската Национална Комисија при Унеско. Во 2016 год. тој бил избран за Претседател на Комитетот за светското културно наследство при Унеско.

Настанот е организиран од страна на Меѓународниот културен центар во Краков, во соработка со Амбасадата на Република Полска во Скопје и Музејот на современа уметност – Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top