Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ги постигна двата гола за својот тим Палермо во пресврт – победата над Про Верчели синоќа во последниот дуел од 6.коло на италијанската Серија Б.
Палермо победи со 2-1, а капитенот погоди во 25. и 51. минута. Претходно гостите први поведоа во 20. минута.
Несторовски кој беше најдобар фудбалер на теренот на пет минути пред крајот доби втор жолт картон, што автоматски значеше и црвен и исклучување.
По шест кола во втората најсилна лига во Италија, лидер на табелата е Перуџа со 13 бодови, пред Фросиноне со 13 и Палермо со 12.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот
-
Трајковски и Несторовски со Палермо на првото место на полусезоната во Серија Б