| четврток, 6 декември 2018 |

Струшка рапсодија во Швајцарија – Македонија ја чека Португалија

Наумче Мојсоски помогнат од неговиот помал брат Златко заедно со Кире Лазаров се најзаслужни што Македонија остана во игра за пласман на следното европско првенство во ракомет.

Вечерва на гостински терен на кој доминираат македонските навивачи Македонија ја победи Швајцарија со 27 спрема 22 и сега ќе ја чека Португалија за заминување на ЕП 2013.

Вечерва Португалија игра со светскиот шампион Шпанија кој веќе се пласираше на Европското првенство.

Иако Шпанија има силен тим, не се исклучува дека би можела да проработи и Пиринејската солидарност и ослабената Црвена фурија да падне во Лисабон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top