| четврток, 6 декември 2018 |

Желев: Борисов згреши што не ја поддржа Македонија

zelju-zelev-652Бојко Борисов водеше погрешна политика кон Македонија, смета Жељу Желев, поранешен претседател на Бугарија. Тој вели дека се надева дека новите бугарски власти на самитот во јуни на ЕУ ќе дојдат со позитивна енергија кон Македонија за разлика од владата на поранешниот премиер на Бугарија, Борисов.

-Недоразбирањата се едно, а интеграцијата на една држава е нешто сосема друго. Според мене меѓу Македонија и Бугарија не постои сериозен проблем. Тоа повеќе се недоразбирања отколку трајна политика на Бугарија. Некои се обидоа на Македонија да ѝ постават услови за преговорите за членство во ЕУ, но нашата политика секогаш била дека Бугарија ја поддржува Македонија-рече Желев.

Според него, тоа што Борисов на претходниот самит не застана зад Македонија, било огромна грешка, што не требала да се дозволи.

-Тоа беше погрешен чекор. Едно се споровите по разни проблеми што се изнесуваат на прес-конференции, а друго е интеграцијата на една држава која е значајна и за земјата и за сите балкански држави-додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top