| четврток, 6 декември 2018 |

Розовиот фустан на Меланија предизвика бес во јавноста

Меланија Трамп, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп го имаше првиот говор во Обединетите нации, а за овој важен настан одбра гламурозна комбинација.

Таа носеше креација на шпанската марка „Делпозо“, однсоно фустан-палто во розова боја.

Некогашната манекенка изгледаше прекрасно во креацијата која имаше волуменизирана ракави и колан кој ја нагласуваше нејзината половина.

Иако никој не може да го оспори модниот вкус на Меланија Трамп, јавноста остана револтирана од фактот дека убавата Словенка носеше креација од три илјади долари, и тоа во исто време додека говореше за гладните деца во светот.

– Ниедно дете не смее да биде гладно, уплашено, тероризирано, малтретирано, изолирано и да нема каде да се скрие. Секое дете треба да го научиме на вредностите на емпатија, љубезност, внимание, интегриттет и лидерство, кое може да се објасни само низ личен пример – истакна првата дама на САД во својот прв говор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top