На улицата „Трајко Николоски“ во Прилеп вчеравечер околу 20:30 часот се случила сообраќајна несреќа во која едно лице го загубило животот.
Од полицијата информираат дека непознато лице со автомобил удрило во пешакот М.Ј. (39) од Прилеп, по што избегало. Од добиените повреди, пешакот починал на лице место. Полицијата трага по возачот.
На местото на настанот е извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
(Фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.