Приватен авион во кој патувале четири лица се запалил откако пилотот ја промашил пистата за принудно слетување на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул.
Поради инцидентот, аеродромот веднаш бил затворен, а другите летови пренасочени. Сите четири патници ја преживеале несреќата, но се повредени, а се уште нема информации колкава е сериозноста на повредите.
Авионот патувал кон Кипар, но поради дефект бил вратен на „Ататурк“. При принудното слетување, пилотот ја промашил пистата, а набрзо потоа авионот се запалил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.