| четврток, 6 декември 2018 |

Пеколна конкуренција за Металург во битка за вајлд-карта, а потоа на мегдан е европскиот првак Хамбург

Четвртфиналистот во Лигата на шампионите, Металург, ќе има огромна конкуренција во уште 7 екипи за да добие вајлд-карта за настап на квалификациски турнир, преку кој само еден од четирите тима што ќе играат, ќе обезбеди настап во ЛШ. И самото привилегија да се добие покана од ЕХФ за настап е тешка мисија, а ако се успее, тогаш тимот од Автокоманда, ќе мора да му излезе на мегдан на актуелниот европски првак Хамбург. За Германците кои се шампиони н а стариот континент, ЕХФ немаше разбирање и не им дозволи да ја бранат круната по автоматизам, туку им додели вајлд-карта. Покрај нив еден од осумтте состави што конкурираа, Металург, Фуксе Берлин, Монпелје, Пик Сегед, Кадетен Шафхаузен, Висла Плок, Скјерн и Кристијанстад, ќе бидат во очекување на покана од ЕХФ. Осум кандидати за три места, а потоа следи пеколен турнир со Хамбург како европски првак.

Одлуката кои три екипи ќе добијат вајлд-карта ќе биде донесена на 21. јуни во Хернинг, Данска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top