Откако сум родена до ден денешен никогаш не сум воспитувана ниту сум функционирала во духот на истакнување или приоритети над останатите, мојот татко не ми даваше ниту пари за на училиште за да не се почувствуваат понизно оние кои што ја немаат таа привилегија да купуваат храна додека се на училиште, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска.
-Истото и јас денес го правам истото и јас тогаш и тие сега учат во училиште со сите заеднички заедници на Гостивар и не го кажувам ова случајно бидејќи во Гостивар и денес но и пред 30 години живееме заедно Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби и меѓу сите нас има многу различности, но има и многу заеднички моменти ги преживеавме и 1997 и 2001 и сакам да ве прашам нешто пратеничке Кузмановска: Дали ДУИ како коалиција со СДСМ умешно успеа да си искористи шанса со овој закон за да добие поен повеќе за својот електорат кои го изневери во декември 2016 токму заради СДСМ. Едноставно Зоран Заев си има еластична ќичма и зошто да не ја искористат, само не знам дали на стотиците Албанци во Македонија повеќе им е потребна оваа двојазичност или повеќе од суштински потребно им е да имаат повисоки плати, пензии, социјална помош и субвенции, истакна Стојановска.
Таа вели дека откако се формирала Владата на чело со Заев Македонија започнала сигурно и длабоко економски да тоне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кривична одговорност и драконски казни за Костовски и Џафери, доколку договорот со Грција се објави без потпис на Иванов
-
Заев: Можно е да поднесеме иницијатива пред Уставниот суд за надлежноста на Иванов
-
Македонците во Калгари, Канада протестираат против Законот за јазиците и преговорите за името (видео)
-
Пратениците на СДСМ се договориле да седат дома за да не иритираат