По падот на температурите и студените денови ширум Балканот, во Словенија денеска падна снег. Како што се најавува во прогнозите, во наредните денови во регионот се очекуваат уште постудени денови со обилни врнежи, а темепратурите постепено ќе паѓаат.
Како што пишува словенечкиот портал „Лубник инфо“, паднал густ снег на Кредарица. На панорамските камери може да се види како снегот и понатаму паѓа интензивно на највисоката планина во Словенија.
Снег има и на други планини како што сте Блегош и Триглав.
Прогнозите се дека и одделни низински делови на Словенија во наредните денови може да ги покрие снег, а на Триглав и на Кредарица може да падне снег и до 20 сантиметри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.