| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен редоследот на партиите на гласачките ливчиња

ВМРО-ДПМНЕ во две општини оди со свој кандидат за градоначалник, а без коалицијата. Тоа се Центар Жупа и Теарце. Таму ВМРО ќе е под реден број 7. Но во сите останати настапува како коалиција „За Подобра Македонија“ под број 13.

Со жрепка, денеска во Државната изборна комисија беше утврден редоследот во единствената листа на кандидати на гласачките ливчиња за претстојните локални избори што треба да се одржат на 15 октомври.

Листи со кандидати за градоначлници и за советници имаат поднесено 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи.

Прва на гласачкото ливче ќе биде СДПМ, втора Коалицијата Алијанса на Албанците и НДП, трета ДУИ, четрврта Коалицијата за Битола – ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците, петта Коалиција Заедно за Гази Баба предводена од БЕСА, шеста НДМ, седма ВМРО-ДПМНЕ, осма Народно движење на Турците, деветта Алијанса на Албанците, 10-та е ТМРО, 11-та е Демократската парттија на Турците, ГРОМ е 12-ти, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е 13-та, БЕСА е 14-та, ДПА е 15, Левица е 16, ПДП е 17, Сојуз на Роми е 18, а СДСМ е 19-та.

ВМРО-ДПМНЕ во две општини оди со свој кандидат за градоначалник, а без коалицијата. Тоа се Центар Жупа и Теарце. Таму ВМРО ќе е под реден број 7. Но во сите останати настапува како коалиција „За Подобра Македонија“ под број 13.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top