| четврток, 6 декември 2018 |

Маж пронајден мртов во Ѓорче Петров

Маж бил пронајден мртов вчера од сопственикот на куќата во која тој живеел сам како потстанар. Од полицијата информираат дека телото е пронајдено во куќа на улицата „Тодор Циповски Мерџан“ во скопската населба Ѓорче Петров.

Починатиот е 46 годишниот М.Р. кој живеел сам во куќата, а според пријавата боледувал од бубрежни болести.

Смртта без траги на насилство е констатирана од екипа од Итна медицинска помош, а по наредба на ЈО телото е предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top