Од 10-ти до 23-ти септември во општина Ѓорче Петров ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“ која првпат годинава за посетителите ќе понуди многу интересни, но и несекојдневни содржини од повеќе сфери и за сите возрасти.
Програмата која изобилува со културни, музички и спортски настани, стартува овој понеделник со отворање на спортската манифестација во мал фудбал “Геге-куп” која после долги години се враќа на игралиштето во основното училиште “Страшо Пинџур”. Воедно, во рамки на тие 10-тина дена предвидени за незаборавни моменти во Ѓорче Петров, на 20-ти септември ќе биде одбележан и патрониот празник на општината.
Македонски познати музички бендови и изведувачи, базар, културни и спортски игри, работилници за деца, театарски претстави, хуманитарна акција, кино-проекција на отворено, катче за вдомување и помош на бездомни животни, ракотворби, баскер перформанси, како и презентација на храна и пијалоци од локални производители е само дел од она што ќе може да се види и слушне во Ѓорче Петров во средината на месецов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.