| четврток, 6 декември 2018 |

Грабеж во маркет во Ѓорче: Едниот крадел, другиот чувал стража и го тепал вработениот

Во текот на вчерашниот ден, околу 20.15 часот во Единицата за информаци и команда Скопје, вработен во маркет на на ул. „Ѓорче Петров“ пријавил дека околу 19.55 часот бил физички нападнат од непознато лице кое стоело пред маркетот и чекало друго лице кое вршело кражба во маркетот.

Имено, додека едно од лицата извршувало кражба од маркетот, другото лице чекало пред влезната врата. Откако бил забележан од еден од вработените, тргнал кон него и физички го нападнал, удирајќи го со тупаници.

После тоа, непознатите лица побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top