| четврток, 6 декември 2018 |

Надзорен одбор повикува на донации за изградба на џамија во Ѓорче Петров, Општината негира (видео)

Надзорен одбор преку социјалните мрежи повикува на донации за изградба на џамија во Ѓорче Петров, поточно во ромското маало во Даме Груев. Од општината Ѓорче Петров  за „Нетпрес“ информираат дека  нема да се гради џамија.

Според видеото во прилог може да се забележи и конкретната локација за изградбата на џамијата, и посочени лица како благајници за собирање пари за изградба на верскиот објект.

На социјалните мрежи граѓаните го споделуваат видеото со коментар дека изградбата на ваков верски објект е едно од ветувања на градоначалникот Александар Наумовски кое тој го дал пред локалните избори минатата година.

-Градоначалникот Александар Наумоски нема дадено такво ветување пред локалните избори минатата година, а во Деталниот урбанистички план за Ѓорче Петров не е предвидена изградба на таков верски објект, велат од Општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top