Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа „Младинска маалска средба“ во Прилеп. Целта на овие средби е директно да се слушнат потребите и проблемите на младите, како би биле решени кога повторно ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во позиција да помага. На средбата на која беа присутни претседателот на УМС Владимир Нелоски, кандидатот за градоначалник Марјан Ристески, имаше голем број млади лица кои му дадоа голема поддршка на Ристески.
Младите порачаа дека ВМРО-ДПМНЕ е единствениот нивен партнер и дека политиките на новата власт на СДСМ се погубни за оние кои треба да бидат иднината на државата, а фактот за тоа го потврдува и бројот на иселени млади луѓе во последниве три месеци, а тоа се 20.000 млади луѓе.
Младите порачаа дека победата на Марјан Ристески во Прилеп ќе биде сигурна и убедлива и тоа во првиот круг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.