Тимот на Кристал Палас по денешниот пораз од Саутемптон на домашен терен (0-1), успеа да испише негативен рекорд како прв тим во Англиската Премиер лига кој на почетокот на една сезона успеал да ги загуби првите пет меча без постигнат гол. Во дебито на Рој Хоџсон на клупатан а Палас, Стивен Дејвис во шестата минута од мечот го реализираше единствениот погодок, а Кристијан Бентеке и Џејсон Панчион ги пропуштија двете најдобри ситуации за тимот од Лондон.
Кристал Палас го остави во историјата негативниот рекорд на Њукасл од 2005-06, кога „страчките“ запишаа 438 минути без да одбележат гол во Премиер лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.