По само четири меча и исто толку порази во англиската Премиер лига, холандскиот тренер Франк Де Бур доби отказ од Кристал Палас. Во 360 минути во најсилната лига на светот, тимот на Де Бур не успеа да постигне ниту еден гол, па тоа било доволно за сопствениците на клубот да му враќат отказ.
Франк де Бур беше тренер на Кристал Палас само 77 дена што е трет најкраток престој на еден менаџер во историјата на Премиер лигата. Пократко од него биле се Лес Рид во Чарлтон во 2006 година (40 дена) и Рене Муленстен во Фулам во 2013 година (74 дена). Интересно е тоа што Де Бур лани го водеше Интер 85 дена, односно осум повеќе отколку сега лондонскиот тим.
И покрај тоа, холандскиот стручњак ќе заработи отштета од пет милиони фунти бидејќи во јуни потпиша тригодишен договор со клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.