Англискиот премиерлигаш Кристал Палас вчера се раздели со Сем Алардајс, кој си замина од клубот и покрај тоа што успеа да обезбеди опстанок и ја исполни целта, но одлучи да стави крај на својата менаџерска кариера. Раководството на клубот реагираше експресно и веќе му испрати понуда на италијанскиот стратег Клаудио Раниери, кој минатата година на неверојатен начин му донесе шампионска титула на Лестер. Изминатава сезона, пак, во текот на шампионатот доби отказ од клубот.
Претходно, и Ватфорд истакна дека го посакува Раниери на кормилото, откако ја раскина соработката со Валтер Мацари. Но, Раниери ја одби оваа понуда, истакнувајќи дека сака да ужива во одморот во својата родна земја. Дали за понудата од Кристал Палас ќе го промени мислењето, останува да се види во наредните неколку дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата
-
Премиер лигата конечно ќе добие зимска пауза, но нема да стартува од следната сезона
-
Премиерлигашите потрошија рекордни 430 милиони фунти во зимскиот трансфер период