| четврток, 6 декември 2018 |

Мамаду Сако е нов фудбалер на Кристал Палас

Францускиот дефанзивец, Мамаду Сако е нов член на Кристал Палас. Тој минатата сезона настапуваше за истиот клуб како позајмен играч од Ливерпул, а на последниот ден од трансфер периодот тимот од „Селхарст Парк“ успеа да го потпише  Сако за оштета од 26 милиони фунти.

27-годишниот дефанзивец треба да ја поправи најлошата страна од играта на лондонскиот премиерлигаш, кој лошо ја започна сезоната во Премиер лигата. Парите добиени од Сако, „црвените“ веќе ги инвестираа во Чембрлејн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top