| четврток, 6 декември 2018 |

Додека војниците пукаат со патрони, Шекеринска јаде ракчиња и школки за 80.000 евра

Набавка на апетисани и морска храна во вредност од 80.000 евра, како и расфрлање пари за вработување на партиските послушници, наместо подигнување на стандардот на вработените во одбраната и брзиот влез во НАТО кој го ветуваа. Ова е катастрофалниот резултат од 100 дневното расипништво на Радмила Шеќеринска во Министерството за одбрана, откри ВМРО-ДПМНЕ.

Но, Системот за јавни набавки открива уште едно недомаќинско работење на Шекеринска, кое само потврдува дека Шекеринска нема намера да го напушти луксузниот живот иако е на власт. Жедта за луксуз ја задоволува со државни пари. Штедењето и кратењето на трошоците како што најавуваа пред да дојдат на власт, СДСМ веројатно само го промовира пред граѓаните, а во пракса по кабинетите на своите министри спроведува вистинско расипништво.

СДСМ во текот на предизборниот период ветуваше дека парите на граѓаните нема да бидат трошени на непотребни набавки, но сега го гледаме токму спротивното.

Од друга страна министерката за одбрана Радмила Шекеринска како пратеник на опозицијата гласаше против модернизација на АРМ и поевтинување на цената на станови за припадниците на АРМ, а денес како министерка нарачува лешници и бадеми во износ од 5.000 евра.

Шекеринска беше против ослободување од ДДВ за прометот на станови и станбени згради со примена на повластена даночна стапка на промет во висина од 5%, за намалување на трошоците на припадниците на АРМ за решавање на станбеното прашање во рамки на проектот „АРМ мој дом“, а денес како министерка набавува морски плодови за неверојатни 80.000 евра кои ќе бидат платени од Министерството за одбрана.

На Електронскиот систем за јавни набавки објавен е оглас за набавка на морски плодови, според кој договорен орган е Министерството за одбрана со кое што раководи заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска.  4.860.952,00

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top