Ако некој сака да се впушти во бизнис за одгледување коскесто овошје, есента е време за засадување лешници и ореви чии први плодови и тоа како вреди да ги чекате и неколку години, со оглед на тоа дека заработката по хектар се движи од 15.000 до 20.000 евра.
За пристоен живот на едно четиричлено семејство треба околу три хектари ореви или лешници. Вложувањето во оревите во старт е помало, но и подолго време се чека на полн род.
-За убав живот потребни ви се 3 хектари, а ако сакате да уживате и не размислувате, посадете десет. За садници по хектар треба околу 1.000 евра и веќе нема дополнителни инвестиции. Наводнувањето може да биде и рачно, со оглед на тоа дека садниците се поретки, а сериозно собирање на плодовите почнува по седмата година- велат одгледувачите на коскесто овошје.
Полн род се очекува после десеттата година, кога по хектар, каде обично има 300 стебла, може да се заработат и 20.000 евра, а векот на експлоатација на едно стебло е дури 60 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Овие професии носат голема заработка
-
Се продаваат подароците од свадбата на Меган и Хари: Менаџерката Клер Оливер заработила на e-bay 20 000 фунти
-
Пред 10 години останала без работа, а денес има приход од 4000 евра
-
Џабе работи, џабе не седи: Во Луксембург за еден час се заработува колку на Балканот за цел ден